Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Поранешните врвни спортисти поточно фудбалери, ракометари, гимнастичари, атлетичари, моторциклисти а денеска почитувани спортски работници и тренери влегоа во состав на формираното Здружение на спортски ветерани во Велес. На синоќешнатото конститутивно Собрание на граѓанското здружение кое ги обединува во единствената цел да дадат што поголем придонес во развојот на спортот во градот и да поттикнат што поголем број, деца и млади, рекреативно или професинално да се бават со спорт дојдоа во големата сала на општината и ги избраа членовите на Одборот како и Димитрија Андонов за претседател на здружението додека велешката спортска легенда Панче Николов е почесен претседател.

- Чувството да се видат во волку голем број заслужни поранешни спортисти во градот е благопријатно. Велес заслужува да има здружение на спортски ветерани. Ја испочитував нивната желба да бидам избран за претседател. Ветувам дека ќе дадам се од себе да се вклучам во омасовувањето и афирмацијата на спортот како и во помошта на сите млади спортисти и тренери, спортски работници преку нашето искуство и капацитет за да му помогнеме на градот. Очекувам дека со придонесот ќе ја оствариме целта а тоа е поуспешни клубови и екипи. Првото нешто што сега ќе го направиме да му дадеме правен статус на здружението со вршење на спортска дејност, обезбедување на простор во кој ќе функционира, креирање на веб страна и обезбедување на што поголема јавност на сите наши активности, рече претседателот Андонов.

Тој е поранешен фудбалски голман, во младинскиот тим на „Борец“кој потоа долги години играл мал фудбал за да биде откриен и трениран токму од Николов за ракометен голман на велешки „Борец“ во генерацијата на Тутарков, Бисинов на Велковски и другите ракометари. Андонов од спортот сепак го одделила желбата да се занимава со наука. По играчката дванаесетгодишна кариера одлучил да се збогува со ракометната генерација на градскиот клуб која ја полнеше до последно место тогашната спортската сала „25 Мај“ или сегашна „Гемиџии“. Од теренот Андонов се преселил во публика притоа не пропуштајќи ниту еден настап на РК „Борец“ на домашен терен. Тоа е времето и кога во два мандати бил во највисоките органи на Ракометната Федерација на Македонија, во првиот како претседател на Дисциплинската комисија и во вториот на натпреварувачката комисија. Тој на велешкиот спорт всушност му подарил три децении од својот живот.

Затоа сега Андонов вели дека заедно со останатите негови колеги ќе дадат се од себе да се осовремени спортот, да влијаат во надминувањето на пороците кај младата генерација и особено да создаваат усови кои ќе влијаат кај категоријата на родени деца со деформитети на кој бавењето со спорт може многу да им помогне.

Меѓу присутните беше и познатиот велешки ракометар Ристе Велковски кој не пропушти прво да упати честитки до новоизбраниот претседател како и до Одборот на здружението во кој членуваат македонската ракометна легенда Пепи Манасков,македонската фудбалска легенда Трајче Ковачев, одбојкарска легенда Ангел Жабев, боречката легенда Ангел Мицев и останатите.

- Сега го формиравме здружението кое ќе има за задача сите нас да не обедини во Федерација на спортски ветерани на Македонија. Тоа што ние го знаеме и умееме секако дека бесплатно ќе го пренесуваме на младите играчи, помладите наши колеги тренери, на спортските работници се со една цел да им бидеме од корист на наставниците по физичко образование и да им помагаме во наставата. Јас сум сега на 67 годишна возраст а на ракометот му посветив цели педесет години. И се чувствувам способен да дадам уште, да придонесам на волонтерска основа, рече Велковски.

Професорот Насе Кондовски, поранешниот државен репрезентативец на Југославија во гимнастика и кандидат за Олимписките игри во Мексико беше присутен на основачкото здружение на велешките спортски ветерани.

- Многу сум задоволен што Велес, градот на спортот, доби вакво здружение. Изненаден и воодушевен сум од присутниот број на спортски велешки ветерани на основачкото собрание. Сега ни престои фазата во која ќе изработиме квалитетна државна програма со што поголем број на содржини за да ја оствариме целта а тоа е да му помогнеме на македонскиот спорт, рече Кондовски.

По основачкото собрание сега следува фазата на регистрација на Здружението на спортски ветерани на Велес./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново