Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Во организација на ДОМ денеска се одржа Меѓународна конференција посветена на искуствата на Европските зелени во борбата против загадувањето од рудници на која, покрај претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, учествуваше и делегација од Европските зелени, предводена од ко-претседавачот и европратеник, Рајнхард Бутикофер.

Европските зелени ја искажаа својата поддршка на борбата на ДОМ и на сите еколошки граѓански иницијативи против отворањето рудници во југоисточниот дел од земјава, кои се штетни за здравјето на населението и кои можат сериозно да ја загадат животната средина.

Во воведното излагање, Поповска нагласи дека во процесот на издавањето концесии за отворање рудници има прекршување на законите во најмалку четири министерства – Министерство за транспорт и врски, Министерство за животна средина, Министерство за земјоделие и Министерсво за економија. Таа, исто така, рече дека отворањето рудници во тој регион може целосно да го уништи земјоделието и туризмот, главни стопански гранки со кои се занимава локалното население, и да ма долгорочни штетни последици за животната средина и здравјето на луѓето.

Копретседавачот на Европските зелени и европратеник, Рајнхард Бутикофер истакна дека тие безрезервно ги поддржуваат нашите залагања и борбата против отворањето рудници за бакар, сребро и злато и дека Европските зелени имаат донесено повеќе документи и резолуции што се однесуваат токму на оваа проблематика во рамките на Европската унија и кои треба и Република Македонија да ги почитува, бидејќи има аспирации да стане дел од европското семејство. Тој, исто така, ја нагласи поддршката и ветувањето што му ги дал премиерот Зоран Заев на нивната денешна средба, во врска со преиспитувањето на регуларноста на дадените концесии за рудниците.

Претставникот на Зелените од Бугарија, Даниела Божинова истакна неколку позитивни примери од нејзината земја за решавање на ваквите проблеми со рудниците, преку организирање локални референдуми. Таа подвлече дека, соочени со опасностите од отворањето на рудници, кај граѓаните во Бугарија многу брзо се развила свеста за важноста на заштитата на животната средина, процес што забележува дека се случува и во Македонија.

Претставникот од Граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“, Димче Балевски зборуваше за неправилностите, заканите и притисоците врз граѓаните на Валандово пред и за време на одржувањето на референдумот, кои имале пресудно значење за неговиот неуспех.

На Конференцијата се донесени и два заклучока:

1. Во наредниот период ДОМ ќе иницира изработка на студија за оценка на кумулативното влијание на рудниците врз животната средина во Источна Македонија. Оваа студија е значајна поради тоа што станува збор за можно трајно загадување на површина од десет илјади километри квадратни, што е речиси една половина од целата територија на Република Македонија;

2. ДОМ ќе иницира формирање на Балканска мрежа за борба против загадувањето од рудниците, во која ќе ги покани да се вклучат зелените партии и сите граѓански иницијативи од регионот, зашто станува збор за транснационален и регионален проблем.

 

Поврзани вести

 

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Mагационер
Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство
  • Возачка дозвола „В“ - категорија
  • Познавање на англиски јазик и поседување на сертификат за управување со виљушкар ќе се смета за предност
  • Вработувањето е на определено време, со можност за трансформација на неопределено време.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес с. Долно Оризари бб, Велес 1400 задолжително со назнака за Магационер, најдоцна до 15/11/2017 година.

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/11/2017 година.

Најново