Поскапуваат нафтените деривати

Објавено на 7 март, 2016 во 11:46

Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи малопродажните цени на бензините од полноќ да се зголемат за три денари, а на дизелот за 2,5 денари.

Од полноќ, литар ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе се продава за 58 денари, а ЕУРОСУПЕР БС 98 за 60 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛОТ поскапува за 2,5 денари по литар и ќе се точи за 43,5 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,024 ден/кг и со тоа цената на М-1 НС изнесува 15,697 денари за еден килограм.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.