Временска прогноза

Објавено на 26 октомври, 2016 во 06:53

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер, претпладне од југоисточен, а попладне од северен правец.

Од попладневните часови, претежно на север и исток, ќе има повремени врнежи од дожд. Слаб повремен дожд ќе има и во четврток, а од попладневните часови и преку ноќта врнежите повремено ќе бидат поинтензивни.

Ќе започне да дува северен ветер кој во наредните денови повремено ќе биде засилен и ќе предизвика значително опаѓање на температурите. Поради спуштање на студен воздух од север во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне на повисоките планини во северозападниот дел од земјава врнежите ќе поминуваат во снег.

Од петок попладне следува период на стабилно, суво и постудено време.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.