Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

baby toys

02.03.2021

Европската Комисија, утрово го презентира годишниот извештај за безбедноста на производите присутни на пазарот во ЕУ, и според овој извештај играчките за деца најчесто биле пријавувани до властите како ризични или опасни.

Секоја година Европската Комисија, информира кои производи на пазарот се пријавувани во земјите членки на ЕУ како опасни. Оваа година е забележан значаен раст на пријавите за производи поврзани со ковид-19, како заштитни маски и гелови за дезинфекција кои содржат токсични супстанци.

Најчесто пријавувани производи се играчките за деца со 27 отсто од вкупниот број пријавени производи во ЕУ, Норвешка, Лихтенштајн, Исланд и Обединетото Кралство. Следуваат моторните возила и електрична опрема.

Според анализата, пријавените производи во 25 отсто случаи се однесуваат на опасност од физичка повреда, потоа на хемиските компоненти, а на трето место е опасност од задушување за децата.

Еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс го пофали заедничкиот систем на ЕУ за пријава на опасни производи познат како Сејфти Гејт.
– Со заштитни алатки како оваа ги обезбедуваме и понатаму правата на потрошувачите, изјави Рејндерс.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

web baner kozuvcanka 300x250 Duma

 
   
   
   
   

Најново