АМСМ: Внимателно возете, магла на повеќе патни правци

Објавено на 16 јануари, 2020 во 07:38

magla fin

Намалена видливост на патните правци поради магла до 50 метри има на патниот правец Тетово – село Гајре, Кула – Катланово, Охрид, Струга, Штип и видливост до 100 метри има Страцин, Сарамзалино, Велес, Македонски Брод, Крива Паланка, Тетово, Гостивар, Битола, Ресен и Кичево.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози

Поради намалена видливост од магла на повеќе патни правци во државава, од АМСМ препорачуваат внимателно возење.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.