Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

megjashi fin

16.09.2020

Враќањето на работа на родителите чии деца не се постари од десет години, но и на оние што се ослободени од работа врз основа на користење на продолжено породилно отсуство може да предизвика стрес врз севкупниот семеен живот. Вакво предупредување до Владата адресираше Првата детска амбасада во светот Меѓаши, од каде оценуваат дека одлуката што Владата ја донесе на четвртата седница може повторно да се одрази на децата.

Од Меѓаши бараат Владата и сите надлежни институции да ја преиспитаат одлуката.

Во услови кога сè уште не се јасни начините како ќе се продолжи образовниот процес, бројките на заразени случаи сè уште немаат тренд на опаѓање, изменети услови на учење без разлика на изборот – со физичко присуство или онлајн, сметаме дека одлуката е неконзистентна со претходните одлуки и премногу е краток рокот за да им се овозможи на родителите соодветно да се организираат – наведуваат од оваа Детска амбасада, од каде додаваат дека се загрижени за добробитта на децата.

Во повикот за преиспитување на одлуката се наведени и причините за загриженоста:

– На децата на училишна возраст, особено на првачињата им е неопходно присуство на еден родител и во случај на онлајн настава и во случај на посета на наставата со физичко присуство. Со оглед на најавеното скратено времетраење на часовите децата ќе поминуваат значително помалку време на училиште и поради работниот ангажман на своите родители може да се најдат во ситуација сами да поминуваат повеќе саати во своите домови, се’ до враќањето на нивните родители.

– Имајќи ги предвид малиот капацитет на предучилишните установи, како и протоколите со кои дополнително се ограничува бројот на деца по група, неизвесно е дали сите деца чии родители се работно ангажирани ќе можат да бидат навремено примени во градинка.

– Прашањето на континуирана и квалитетна грижа за децата, безбедноста, менталното здравје и нивната благосостојба е оставено неодговорено, нема понудено решение од страна на Владата за надминување на оваа состојба.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново