Филипче: Британскиот сој на коронавирусот детектиран во Македонија, но ќе обезбедиме и 200.000 Sars-Cov-2 инактивирани вакцини
28.01.2021
Во текот на вчерашниот ден,министерот за здравство Внеко Филипче и соопшти на јавноста дека при анализа на податоци од позитивни ковид пациенти во јануари, во приватна лабораторија за генетика и перосонализирана медицина на Клиниката „Жан Митрев”, кај еден примерок е детектирана мутација на британскиот сој на вирусот СарсКов 2.
Во овој период кога нашата држава бележи пад на новозаболени, детектиран е британскиот сој кој има побрза трансмисија за 70 отсто, но е со полесна форма. Првиот случај е маж на 46 годишна возраст кој во Институтот за јавно здравје во базата за податоци се води како оздравен од 22 јануари.
– Нема простор за паника, остануваме внимателни. Ние и сега имаме превентивни мерки кои очигледно дадоа резултат. Точно е дека оваа мутација на вирусот има побрза трансмисија за 70 проценти, според публикациите во Велика Британија. Но, превентивните мерки мора да се почитуваат. Очигледно е дека носењето маски, држењето на дистанца навистина станува клучно, посебно со оваа форма на мутација на вирусот. Ние будно ја следиме епидемиолошката ситуација. Засега нема да препорачаме друг тип или дополнителни превентивни мерки, но следиме каква ќе биде состојбата, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.
Оваа мутација на вирусот според министерот за здравство, не можела да се избегне и веројатно ќе се случи во сите земји во светот. Штом мутацијата ја има на едно место, веројатно ќе се прошири и на други места. Според Филипче мутацијата може да се случи на едно одредено подрачје, не мора човекот да има патувано, да има контакт со други лица за да се случи мутација на вирусот.
– На вечерашната седница ја усвоивме Информацијата за набавка на Sars-Cov-2 инактивирана вакцина против КОВИД-19. Станува збор за постапка за набавка на 200.000 единечни дози. Ова е нова набавка на дополнителни количини покрај тие од КОВАКС механизмот од 833.000 дози на вакцина. Во завршна фаза сме од директните разговори со производителот „Фајзер“ за набавка на уште 800.000 единечни дози за сукцесивна испорака на договорените количини во наредните месеци од кои првите во февруари – додаде Филипче.
Во текот на вчерашниот ден позитивни на коронавирусот на територија на цела држава беа регистрирани 394 нови случаи, додека пак Институт за јавно здравје регистрираше 387 оздравени пациенти.
Стефани Манева
#Ковид-19 #МутацијаНаВирусот # Sars-Cov-2Ваквици #СтабилнаСитуација #ОпаѓањеНаБројот #НовоЗаболени #Оздравени