Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

bolnisvet fin

28.10.2020

Рекордни 2.243 случаи на заразени се дијагностицирани во Бугарија, а починале 42 лица. Меѓу инфицираните има и 1.948 лекари. Од почетокот на епидемијата во Бугарија се заразени вкупно 40.132 лица, а регистрирани се 1.136 смртни случаи. Во Грција се регистрирани 1.259 нови случаи на Ковид-19, што е рекорден број новозаболени во еден ден и првпат бројката е четирицифрена.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, починати се 12 лица. Од почетокот на епидемијата заразени се 32.752 лица, а регистрирани се 593 смртни случаи.

Во Србија се регистрирани 1.053 нови случаи на заразени со коронавирусот, а починале пет лица, со што вкупниот број на жртви се зголеми на 798.

Во Албанија се дијагностициран 284 новозаразени од 1.278 тестирани и седум починати. Од почетокот на пандемијата досега во Албанија се регистрирани 19.729 заболени, оздравени се 10.808, починати 487, а активни на болеста се 8.434 лица. Во Косово досега се евидентирани околу 18.000 заразени од новиот коронавирус, од кои 666 починале, а над 51.000 се излекувани, така што бројката на актуелни носители на вирусот моментно изнесува нешто под 2.200.

Епидемиолошката состојба во Европа се влошува со рекорден број нови случаи секој ден. Франција води со повеќе од 33.000 пациенти во последните 24 часа, Велика Британија со 22.885, Италија со 21.994, Шпанија со 18.418 и Русија со 16.550 новозаразени.

Најголем број на потврдени случаи во светот сè уште има во САД, 9.010.027, потоа следат Индија со 7.988.735, Бразил со 5.415.671, Русија со 1.547.774, и Франција и Шпанија со приближно 1,2 милиони.

Извршниот директор на Светската здравствена организација, Мајк Рајан оцени дека на Европа и треба сериозно забрзување во борбата против пандемијата на коронавирусот и предупреди дека недостигот на капацитет за ефикасно следење на контактите може да доведе до влошување на состојбата.

– Бројот на случаи во Европа е 46 проценти од сите случаи на Ковид-19 регистрирани во светот, со една третина од сите смртни случаи меѓу ковид пациентите, потсети Рајан на прес-конференцијата во Женева.

 

 

 

 

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново