29.03.2021
Спасувачките екипи успеаjа утринава да го ослободат гигантскиот товарен брод кој го блокираше Суецкиот Канал. Гигантскиот товарен брод „Ever Given“, кој од минатиот вторник го блокираше Суецкиот Канал, е успешно вратен во соодветна положба во моментов е безбеден.
25.03.2021
Парламентот на Нов Зеланд едногласно усвои закон со кој на вработените мајки и нивните партнери им се дава право на платено отсуство по спонтан абортус или раѓање на мртов плод.
25.03.2021
Финската Влада предложи целосно затворање во пет градови, вклучувајќи го и главниот град Хелсинки, за да се спречи ширењето на коронавирусот.
25.03.2021
Светот треба да се врати во нормала до крајот на 2022 година благодарение на вакцините против Ковид-19, рече Бил Гејтс во интервју за полскиот весник „Газета Виборча“ и „ТВН24“.
24.03.2021
Бугарија вчера го потврди својот највисок дневен рекорд во бројот на новозаразени од коронавирус – 4.851, Украина се соочува со дневен рекорд на смртни случаи, и тоа втор ден по ред, а Полска е на пат да потврди нов рекорд од 29.000 инфекции за 24 часа.
23.03.2021
Државниот секретар на Министерството за здравство на Црна Гора, Борко Бајиќ, изјави дека целосно затворање на државата е опција за која се залага Институтот за јавно здравје и одделот од кој доаѓа, но дека оваа одлука не може да се донесе без проценка на други релевантни институции, пред се на министерствата за економија и финансии.