Света маченица Марина (Огнена Марија)
Објавено на 30 јули, 2025 во 09:33

Светата маченица Марина е родена во Антиохија и е ќерка на жрец-идолопоклоник. На 15 годишна возраст по свирепо мачење и била отсечена главата, околу 270-та година. Тогаш се убиени и 15000 луѓе што поверувале во Христа и ја прифатиле неговата вера, кога на небото виделе знак додека била мачена Света маченица Марина.
За спомен на нејзините страдања светата православна црква нејзиниот ден го празнува на 30 јули, а во народот е позната и како Огнена Марија и е господарка на огнот но и покровител на сеидбите кои ги чува од поројни дождови и пожари.
Дума.мк
