Disney го отвори новиот забавен парк посветен на „Star Wars“
Објавено на 4 јуни, 2019 во 22:15
Откако е отворен, Дизниленд нуди голем број атракции и тематски паркови инспирирани од поп-културата и баш затоа е чудно зошто чекаа досега за да изградат посебен забавен парк со кој ќе оддадат чест на една од најзаслужните франшизи за пораст на популарноста на филмската индустрија – „Star Wars“.
Именуван едноставно како „Star Wars: Galaxy’s Edge“, забавниот парк опфаќа сѐ што би можело да ве интересира од популарниот серијал – од лајтсејбери, преку реплика на Millennium Falcon, па до простории и летала кои беа застапени во оригиналната трилогија и сите продолженија кои излегоа оттогаш.
Ако сте фан на „Star Wars“, ова е местото за вас.