Германија со решение за бездомниците во зима: Мали топли капсули за спиење
27.01.2021
Германскиот град Улм претстави уникатно решение за сместување на бездомници во текот на зимските месеци – топли капсули за спиење поставени во паркови и други места каде што се знае дека живеат бездомниците.
Градот, на 75 милји западно од Минхен, ги именуваше капсулите „УлмерНест“.
Кабините се направени од дрво и челик и можат да соберат до две лица, кои можат да се заштитат од студ и дожд. Обезбедена е и циркулација на воздухот. Соларните панели обезбедуваат енергија, а постои и радио мрежа што им овозможува на луѓето да комуницираат доколку немаат мобилен телефон. Луѓето кои користат кабини можат да ги отворат без да мора да се регистрираат, а потоа да ги заклучат одвнатре.
Кога ќе се отворат, социјалниот работник автоматски се известува. На тој начин може да ја посети кабината наутро. Корисниците можат да останат анонимни, а капсулите ги одржува, чисти и поправа добротворната организација „Каритас Улм Алб Донау“.
Мите Јаначков