Ново модуларно училиште за учениците од село Согле, општина Чашка
Објавено на 15 декември, 2023 во 11:49
Учениците од прво до петто одделение од село Согле, наставата во второто полугодие од учебната година ќе започнат да ја следат во ново модуларно училиште. Градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски, информира дека од старото дотраено училиште, учениците сега имаат ново, составено со модуларен систем на површина од 100м/2 во чиј состав има две училници, канцеларија и тоалети.
– Грижата за децата и учениците е врвен приоритет на општина Чашка, додава градоначалникот Стојановски.
Вкупната вредност на училиштето во село Согле е околу 5.200.000 денари од кои 500.000 денари е од буџетот на општина Чашка а останатиот дел од Министерството за образование и наука.
Стефани Манева