Претставата „Кучешко срце“, вечерва, премиерно во велешки театар

Објавено на 25 јануари, 2024 во 11:20

На малата сцена во велешкиот театар „Ј.Х.К ЏИНОТ“, вечерва, премиерно ќе биде изведена претставата насловена „Кучешко срце“, според Михаил Булгаков, во режија на Ѓорши Ризески и во копродукција со независна продукција „Вортекст“.

Композитор на претставата е Алмир Бајрамоски, кореограф Сања Русеска, додека дизајнот, фотографијата и видеото се на Александар Арсовски.

Претставата „Кушечко срце“ ја играат актерите Никола Милошевски, Илин Јовановски, Матеј Стојковски, Ива Петровска, Кристина Гиева, Ванеса Тримчевска и Тодор Стојковски.

Премиерата ќе започне во 20:00 часот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.