(видео) Мечка нападнала турист на Шар Планина, си ги бранела малите мечиња
Објавено на 5 март, 2024 во 14:58
Дански турист кој утрово со група скијачи бил дел од „фри рајд“ скијање, поточно, скијање надвор од скијачки патеки, во месноста Јелак на Шар Планина бил нападнат од мечка. Поточо, таа со гризнување и гребење му нанела повреди на нозете на скијачот кој го сметала како опасност за своите две мали мечиња кои биле во нивна близина.
Директорот на Центар за управување со кризи Стојанче Ангелов излегол на лице место и во видео изјава ги соопшти деталите за нападот.
Дума.мк