ЦУК: 2 000 повици на 112 во последното деноноќие и четири пожари на отворено
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2 000 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 45,00%, а 55,00% за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 62,15%, кон Итната медицинска помош 30,56%, а кон пожарникарите 3,13% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, 1 112 повици за итни случаи на 112 во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 4,17% и на 55,00% именувани како „неитни повици“, биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со повеќе ангажирани институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи.
За гаснење пожари на отворено беа регистрирани четири интервенции во последното деноноќие, а паралелно, пожарникарите гаснеле и пожари во населени места. Конкретно, пожарникарите од БППЗ на Град Скопје од 15:45 до 16:55 часот гаснеле запалена трева на површина од 2 000 m2 во с.Мралино во Општина Илинден. Пожарникарите од ТППЕ Кочани од 11:40 до 13:15 часот гаснеле запалена ниска вегетација кај с. Кучичино во близина на цигланата и од 14:08 до 19:50 часот итервенирале на запалена ниска вегетација во близина на с.Спанчево во Општина Чешиново-Облешево. Пожарникарите од ТППЕ Неготино од 13:00 до 17:00 часот со две ПП возила и шест пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај месноста „Тимјаничка“ во Општина Демир Капија.
Инаку, ЦУК потсетува дека метеоролозите во овој период најавуваат на неколку денови растојание, циклично, врнежи од дожд, што во одредени региони можат да бидат поголеми. Потребно е одводните канали да бидат чисти. ЦУК апелира и потсетува, покрај тоа да не се пали вегетација на отворено и за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во каналите.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
Дума.мк