Граѓански фото објектив: Панорами од Велес на Зоран Николов

Објавено: 18 март, 2024, во 13:51 часот

Велешанецот Зоран Николов е автор на четирите фотографии што денеска ги објавува Дума.мк. Тие прикажуваат делови од Велес фотографирани од апаратот на сограѓанинот на којшто фотографијата му е пасија. Николов иако е дипломиран електро технички инженер, десетина години своето слободно време го посветува на фотографирањето, автор е на повеќе фото сесии кои по потреба ги изработил за свои сограѓани кои одбележувале значајни датуми во својот живот.

Исто така, фотографиите на овој фотограф, изработени со професионален и полу професионален апарат можат да се најдат на две страни shutter scope и shutterstock.com каде што тој е контрибур, поточно, од него можат да ги купуваат заинтересирани клиенти и се наменети за корисници какошто се сајтови, портали, телевизии и други.

Николов одлучи да го прикаже Велес низ четири панорами.

Дума.мк ги поканува граѓаните од Велес, Свети Николе, Чашка, Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино и Демир Капија да станат  граѓански соработници на порталот со цел да ги овековечиме убавините на вашите градови и на Македонија.

Вашите фотографии испратете ни ги на нашата е-мајл адреса [email protected].

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.