Концерт на Националниот џез оркестар во Велес
Љубителите на џес музиката ќе имаат да го проследат концертот кој е дел од програмата „Џез лектира“ на Националниот џез оркестар на 23 април, вторник, во велешкиот театар „Ј.Х.К Џинот“.
За време на концертот насловен „Џез лектира“ велешани ќе имаат можност да уживаат во дел од творештовото на Каунт Бејси биг бендот.
-Вилијам Џејмс, познат како Каунт Бејси е американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор, познат и како “Кралот на свингот”. Во 1935 година, тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група скоро 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично, пишува во соопштението на Нацоналниот џез оркестар.
Концертот во Велес ќе започне во 20:00 часот.
Стефани Манева