(Фото) Млади велешки ракотворци за Велигденските празници нудат украси од парафин, восок и рециклирана хартија
Дваесет и четири годишниот Стефан Савев од Велес, веќе една година, рачно изработува свеќи во различни форми и големини за своите сограѓани но и за граѓаните од цела држава. Неговите рачни изработки по повод годинешните Велигденски празници имаат фотми на зајчиња, велигденски јајца, букети од цветови и слично. Сите овие производи се изработени од парафин и соин восок. Савев беше еден од ракотворците изложувачи на Велигденски базар. Со него се сретнавме во Младински парк.
– Овие рачни изработки воопшто не ми претставуваат потешкотија, напротив ме исполнуваат и при изработка се чуствувам среќно. Откако Општина Велес одлучи да прави базари по повод празниците низ годината, постојано сум дел од нив. Учествував и на новогодишниот и на 8-мо мартовскиот базар. Искрено нашите сограѓани покажуваат интерес, не поддржуваат и ни ги купуваат прозиводите што за нас претставува голем мотив да продолжиме да работиме, додаде Савев.
На велигденската тезга кај Савев можеа да се забележат и зајчиња изработени од шишенца и рециклирана хартија. Овие рачни изработки се дело на неговата другарка Валерија Богдановска. Нивните производи можат да се купат и деновиве доколку ги порачате.
Савев во слободно време изработува и пакувања со свеќи, во различни форми, наменети за свадби, крштенки, родендени и слични прослави. Ракотворецот е задоволен од граѓаните кои покажуваат посебна заинтересираност за овој вид на рачни производи. Неговата инстаграм страница е Iluminaxcandleshop.mk. Заследете ја за да видите што се рачно изработува овој млад велешанец.
Стефани Манева