(фото) Велешанецот Анде Јанков ја промовираше својата петта книга „Кобајаши Мару“
Петтиот роман „Кобајаши Мару“ на Анде Јанков вчера, во Јуроп Хаус беше промовиран пред велешката публика. Оваа книга е дел од серијал за инспекторот Виктор Николов којшто решава интригантни случаи за убиства. Промоторка на книгата беше поетесата Даница Лепојевиќ.
Како што вели авторот Јанков книгата има за цел да извади што е можно повеќе писатели на нашата сцена и да ги подучи читателите за литературна критика.
-Промоцијата помина во одлична атмосфера и од срце сакам да им се заблагодарам на многубројните гости коишто вчера вечер беа дел од промоцијата. Можам да откријам дека следниот роман веќе го пишувам и може да се очекува најрано следната година, додава Јанков.
Издавач на книгата е „Антогол“ а истата може да се купи од книжарница „Три“ во Скопје како и велешката книжарница „Збор“ во Велес.
Стефани Манева