(фото) Велешкото музичко училиште „Стефан Гајдов“ со завршен концерт го одбележа празникот на патронот
Со долги аплаузи од страна на присутната публика беа поздравувани учениците од општинското основно музичко училиште „Стефан гајдов“ кои вчеравечер на големата сцена во велешкиот театар одржаа завршен концерт и го одбележаа патрониот празник на училиштето. Тие музицираа на инструментите коишто ги изучувале во текот на изминатата година и приредија вистинско уживање за сите присутни.
Во текот на претходната година, музичкото училиште настапуваше на многу настани коишто се одбележуваа во градот но учениците гостуваа и на фестивали, натпревари во државата но и надвор од неа, добиваа многу награди, учествуваа и одржуваа училишни концерти но стекнаа и нови знаења од успешно реализираниот проект ЕРАЗМУС +. Како учениците така и нивните наставници вложуваа многу труд за голем успех на сите.
Им посакуваме лето исполнето со безброј нови убави моменти и од следната година да продолжат со ист интензитет во нови успеси и предизвици.
Стефани Манева
фото: