Полициски службеници од СВР Велес привеле маж кој се барал поради бегство од затвор
Објавено на 19 јули, 2024 во 12:13
Сектор за внатрешни работи Велес во дневниот билтен информира дека вчера, во 11:00 часот полициски службеници го привеле дваесет и три годишниот скопјанец Г.Д кој се барал со потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Скопје.
Како што соопштуваат лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.
Дума.мк