Педесет полициски кадети добија договори за вработувања во СВР Велес
Во просториите на Секторот за внатрешни работи Велес, денеска, на организирана пригодна свеченост 50 Полициски кадети од Генерацијата 2023/2024 година ги потпишаа Договорите за вработување. Полициските кадети се примени на работно место ,,Полицаец приправник” со што тие станаа дел од Македонската Полиција.
На свечениот чин на врачување на Договорите, на новите Полициски службеници, им се обрати Началникот на Сектор за внатрешни работи Велес, Бране Паласков како и Шефот на кабинет на Директорот на Бирото за јавна безбедност, Ѓорѓи Божинов во присуство на Генералниот советник во Кабинетот на директорот, Верица Јанушева.
Паласков и Божинов, прво им упатија честитки за успешно завршената обука на полициските службеници, приправници, за потоа да им порачаат со гордост, чест и достоинство да ги носат полициските униформи, а чесноста и одговорноста кон граѓаните да бидат примарна цел во нивното професионално работење и постапување.
Исто така на сите им посакаа успешен професионален развој.
Убавка Јаневска