Научен собир по повод 80 години од првиот број на „Нова Македонија“ во Горно Врановци
Во Горно Врановци, Општина Чашка, утре ќе се одржи научен собир на тема „80 години од излегувањето на првиот број на весникот Нова Македонија“.
На собирот свои трудови ќе презентираат македонски историчари и долгогодишни новинари на теми од историјата и содржинитена македонскиот новинарски печатен првенец. Присутни на собирот ќе бидат и македонски иселеници кои живеат и работат во Измир, Турција, со потекло од Горно Врановци.
„Нова Македонија“ е првиот македонски дневен весник, основан со решение на Президиумот на АСНОМ. Првиот број е објавен на 29 октомври 1944 година во селото Горно Врановци, каде што денес се наоѓа првата печатница, претворена во Музеј.
Организатори на собирот се Институтот за национална историја и Матица на иселениците од Македонија, а покровител е Општина Чашка.
Дума.мк