ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“беше домаќин на Меѓународна изложба 45 МАКИНОВА и 22 ЕКОНОВА, интересни за претседателката Сиљановска Давкова како и за премиерот Мицкоски
Двете значајни балкански манифестации, се одржаа викендов, во спортската сала на средното државно училиште во Велес поточно меѓународната изложба 45 МАКИНОВА за иновации, пронајдоци, патенти, индустриски дизајн трговски марки, нови технологии и производи и младинско творештво како и 22 ЕКОНОВА за еколошки пронајдоци и истражувачки проекти на кој учествуваа вкупно 96 учесници од кои 79 ученици од основните и средни училишта од земјава како и 17 учесници од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Словенија и Бугарија. Организатор беше Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија- СПАТУМ и Народна техника на Македонија. Покровител беше претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова.
-Во последните години има се’ повеќе млади истражувачи од Велес и од земјава кои се заинтересирани да се претстават на изложбата која ја оценува стручна комисија од еминентни професори и стручњаци од овие области. Тоа не охрабрува и не прави среќни поточно ни дава надеж дека ученици уште на средношколска возраст покажуваат таленти за иноватори, рече Директорот на народна техника Пере Митрев.
Митев објасни дека домаќинот на овие две манифестации, ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ во Велес заедно со директорката Весна Стојанова Богоевска во изминатите години се покажале како добар домаќин. Исто така го потенцираше придонесот и на прерано на починатиот Зоран Тодоров, велешанец кој целиот работен век го посвети на напердокот на Народна технка на Македонија и на неговата поддршка на младите како во Велес така и во Македонија.
-Посебно ме радува што овој голем настан го подржа и претседателката Гордана Сиљановска Давкова како негов покровител.нејзината поддршка е дополнителен стимул и поддршка за младите иноватори од земјава.Се надевам дека овие млади креативни истражувачи и иноватори ќе бидат иднината на земјава и ќе останат во неа. Дома ќе ги креираат и реализираат нивните истражувачки и иновативни проекти коишто ќе претстават идејни решенија за олеснување на животот на сите граѓани на Македонија. Овде е прерасно чуство дека се присутни од најмладите па се’ до возрасните и искусните кои исто така учествуваат и даваат поддршка и искуства на своите млади колеги,потенцира Митрев
Претседателката Гордана Сиљаовска Давкова потенцира дека овој настан со години е прибежиште на младите и бунтивни умови-визионерите и иноваторите весниците на промените.
-Соочена со вашите пронајдоци, концептти и решенија уверена сум дека Македонија има иднина доколку се бори за вас и доколку не ве подари на некоја држава заборавајќи дека губи бесценет човечки потенцијал. Чест е да се биде покровителка на ваков настан на кој врие од таленти. Почитувани пронаоѓачи вие сте тука за да покажете дека умот е безграничен и побрз од светлината. Вашата љубопитност и вашата храброст да експериментирате и да трчате напред го гонат општеството кон нови достугнувања и вие сте иднината на оваа земја, порача претседателката Сиљановска Давкова.
Меѓународната изложба 45 МАКИНОВА и 22 ЕКОНОВА заврши со врачување на награди, признанија и медали на најуспешните во сите категории според стручната жири комисијата која цел ден детално ги оценуваше сите изложени пронајдоци откако нивните автори ги демонстрираа и појаснуваа моделите. Некои од нив веќе имаат практична примена.
Благодарници им беа врачени на сите подржувачи на оваа традиционална манифестација.
Младите научници учесници на оваа научна изложба побараа поголема подршка од државата и спонзори за практична реализација на нивните пронајдоци и нивно патентирање.Тие потенцираат дека иновациите се компатибилни со најсовремените достигнувања во светот, во многу области. Нивната практична реализација ќе им го олесни животот на сите граѓаните затоа што многу од нив се иновативни и овозможуваат заштеда на енергија.
Реализацијата на двете респектабилни Меѓународни манифестации го привлекоа интересот и на премиерот Христијан Мицкоски, потпретседателот на Влада и министер за тренспорт и врски Александар Николоски, министерката за образование,Весна Јаневска и градоначалникот Марко Колев,кои во саботата беа во ова средното училиште во Велес. Тие ја разгледаа и дадоа подршка на сите учесници. Освен од Министерство за образование меѓународната изложба доби поддршка и од Министеството за животна средина и просторно планирање, Државниот завод за индустриска сопственост, „Берин“ и други поддржувачи.
Убавка Јаневска