Росоманец, како гостин, агресивно се однесувал кон домаќинката а поранешна сопруга тепала маж па тој и вратил
Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Кавадарци, вчера вечер, околу 23:25 часот, го привеле М.И.(20) од Росоман, постапувајќи по претходна пријава дека во домот на Х.Ј.(22) од Кавадарци агресивно се однесувал кон неа и кон другите присутни гости и се обидел и физички да ги нападне.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Девет ипол часа претходно, 34 годишен велешанец во Сектор за внатрешни работи Велес пријавил дека во објект на улица „Ангел Мишев“ во Велес бил физички нападнат од неговата поранешна 29 годишна сопруга, која употребила тврд и стаклен предмет и му го скршила телефонот.
Дваесет минути подоцна стигнала и пријава од поранешната сопруга дека додека поминувала покрај објектот, нејзиниот поранешен сопруг агресивно се однесувал кон неа, по што од возилото земала тврд предмет со намера да го удри, но тој и го земал и со ја удрил. Така му паднал телефонот па таа го земала и му го скршила.
Од Сектор за внатрешни работи Велес дополнија дека по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Дума.мк