Починат маж на 43 години пронајден во стан во Велес
Објавено на 29 ноември, 2024 во 14:21
Итната медицинска помош утринава околу 05:00 часот во Сектор за внатрешни работи Велес пријавила дека во дом на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил пронајден починат А.А.(43) од Велес. Станот се наоѓа во комплексот спроти Гарнизон на АРМ во градот.
-Лекар констатирал смрт, известен бил јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција во Институт за Судска медицина Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на СВР Велес.
Дума.мк