Горан Јанков е именуван за нов директор на ССОУ „Димитрија Чуповски“ во Велес
Дипломираниот професор по Англиски јазик и книжевност, Горан Јанков, именуван е за в.д директор на ССОУ“Димитрија Чуповски“ во Велес. Го именуваше Градоначалникот Марко Колев пред 14 дена. Ова е втор директорски мандат на Јанков во ова средно стручно училиште во градот. Првиот го извршуваше од 2013 до 2017 година.
Горан Јанков е дипломец на УКИМ, поточно на Филолошки факултет насока Англиски јазик и книжевност во 2007 година. Една година подоцна беше вработен како професор во училиштето.
-Воведување на нови профили во образованието на учениците, осовременување на настава како и подобрување на инфраструктурни услови за работа и настава се главните приоритети на кои ќе посветам големо внимание покрај останатите обврски кои произлегуваат од редовната работа, рече Јанков за Дума.мк.
Дума.мк