Велес и понатаму со една мерна станица се бори за чист воздух, Градоначалникот Колев вели дека општината правела се за да се справи со загадувањето (видео)
Енормното загадување на воздухот во Велес и оваа зима го евидентира само една мерна станица на државниот мониторинг систем поставена во новиот дел на градот, во двор на детска градинка и покрај дел од главната улица „Благој Ѓорев“. Точната локација е популарно наречена „Багремче“ под населба Тунел и спроти населба Керамидна. Оваа мерна станица мери два од вкупно шестте параметри чии вредности го даваат крајниот резултат за загадувањето или квалитетот на воздухот. Тоа се само концентрациите на ПМ 10 честичките и сулфур диоксид. Мерната станица не ги мери концентрациите на уште поопасните ПМ 2,5 честички по здравјето на велешани кои живеат во тој дел на градот.
Оваа зима, резултатите на мерната станица, покажуваат голем бројот на денови во кои и децата во детската градинка како и тамошните жители дека дишат загаден и воздух којшто е опасен по нивното здравје.
Од 2019 година Велес е оставен со само една мерна станица откако Министерство за заштита на животна средина ја демонтира од локација комплекс УЗУС, првопоставена станица во градот, на најблиску до поранешниот загадувач со тешки метали Топилницата, иако државата, владите и министерството за екологија не го решија проблемот со топилничарската депонија.
Општина Велес за неколку дена ќе наполни три години какошто нема општински инспектор за заштита на животна средина. Дума.мк го прашаше градоначалникот Марко Колев дали општината има поднесено барање до министерството за инсталирање на втора мерна станица за квалитет на воздух во услови кога работи без инспектор и со сообраќаен метеж во стариот поточно стар дел на Велес како и за решение со кое би се надминале сериозните еколошки инциденти и предизвици. Градоначалникот одговори:
Новиот сообраќаен режим и големата фрекфенција како на автомобили така и на товарни возила кои сега минат низ стариот дел на градот, по забраната за користење на Башиноселскиот мост поради ризик од уривање, се осоено ризични по здравјето на граѓаните кои се пешаци. Од ризикот не се изземени ни велешани кои живеат на централните градски улици. Тие не ги користат терасите а не смеат ниту да ги проветруваат становите. Голем дел се придржуваат и на препораките од Градоначалникот за носење на маски при излегување од домовите.
Убавка Јаневска