Oпштина Чашка распиша повик за доделување на финансиски средства за здруженија на граѓани и спортски клубови

Здруженија на граѓани, спортски клубови и здруженија кои вршат јавен интерес на територијата на општина Чашка можат да поднесат проекти за добивање на финансиски средства за реализирање на активноссти на територијата на општината во 2025 година. Целта на повикот е да се унапреди соработката и да се придонесе кон општрестевн развој на општината.
Приоритетни области за кои општината ќе додели финансиска поддршка се развој и поддршка на спортски клубови, спортски здруженија и здруженија на граѓани; психофизички развој; социјална инклузија; економски развој и афирмација и промоција на општина Чашка.
Субјектите, кои учествуваат на јавниот повик кон пријавата треба да достават доказ за регистрирана дејност; Тековна состојба на субјектот, издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија (не постара од 6 месеци); Решение за вршење дејност спорт, издадено од Агенција за млади и спорт (за професионални клубови); Годишна програма за работа и функционирање на спортскот клуб, спортското здружение или здружението на граѓани; План за реализација на проект кој е од посебен интерес за општината; Листа на реализирани проекти, самостојно или во соработка со општината (доколку здружението постои повеќе од една година) и Финансиски извештај за реализација на добиените средства за претходната година (доколку спорскиот клуб/здружението примило средства преку јавен повик).
Потребната документација за учество на повикот се доставува по пошта или во архивата на општина Чашка, на адреса „Илинденска“ бр.8, населба Чашка, со назнака „ЗА ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛНА ПОДДРШКА НА СПОРТСКИ КЛУБОВИ, СПОРТСКИ ЗДРУЖЕНИЈА И ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ“ и бројот на повикот.
Пликот не смее да содржи никаква ознака која би можела да го идентификува апликантот.
Пријавата се доставува во еден оригинален примерок кој треба да биде потпишан од одговорното лице на кандидатот.
Повикот е распишан вчера, 19 февруари а рокот за пријавување изнесува 7 работни денови, односно крајниот рок за поднесување на пријавите е заклучно со 25 февруари 2025 година.
Пoстапката за доделување на материјална поддршка на спортски клубови, спортски здруженија и здруженија на граѓани кои вршат јавен интерес на територијата на општина Чашка, ја спроведува Комисија формирана од Советот на општина Чашка.
