Во велешка „Колска“ влегува санатор-ДПТУ „Трени балцани оцидентали“ од Василево, доверителите ја прифатија Програмата за санација (фото и видео)

Објавено на 19 март, 2025 во 15:32

Фабриката за шински возила „Колска“ во Велес и понатаму ќе остане да работи под ова име и како единствена во државата да ја извршува досегашната дејност. Но наскоро во неа ќе влезе санатор. Тоа е фирмата ДПТУ „Трени балцани оцидентали“ од Василево како косопственик на уште две фирми со седиште во Италија и во Албанија. Присутните доверители во присуство на стечајниот управник Димитар Аџиев на денеска одржано рочиште во Основен суд Велес и стечајната судијка Дара Арсова едногласно го изгласаа Планот за реорганизација на санаторот. На рочиштето присуствуваа и помалите доверители, меѓу кои се пензионирани работници како и претставници на основната синдикална организација на ССМ предводена од претседателот Тони Арсовски.

Стечајниот управник Димитар Аџиев одговарајќи на новинарските прашања на Дума.мк ги соопшти информациите поврзани со санаторот, вкупниот стар долг од над 77 милиони денари и 8,5 милиони денари новонастанати обврски што го превзеде фирмата санаторот за над 90 мали и поголеми доверители како и кон најголемиот, Управата за јавни приходи на која велешка „Колска“ и должи над еден милиони евра.

Ѓорги Трајанов е косопственик на фирмата санатор. Трајанов по завршување на рочиштето одговори на неколку прашања на Дума.мк и ги соопшти плановите за санација како и очекуваните предизвици со кои неговата и фирмите на неговите партнери ќе соочат и за кои ќе биде потребно време од најмалку три години за да дојдат до очекуваните резултати.

Синдикалните претставници и нивниот фабрички лидер Тони Арсовски пред новинарите ги соопштија очекувањата дека пред започнување на постапката на санација на велешка „Колска“ 43 работници ќе ги добијат заостанатите две неисплатени плати. Тие му подадоа рака на санаторот Трајанов и искажаа подготвеност за соработка.

Како што дознава Дума.мк додека во Основен суд Велес течеше рочиштето за прифаќање на Програмата за реорганизација во „Колска“ стигнала екипа на ЕВН која го донела предупредувањето за исклучување на електричната енергија.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.