Тригодишното дете, тешко повредено е во сообраќајна незгода пред пекарница „Виг“ и итно пренесено на Клиника за Неврохирургија во Скопје
Објавено: 30 април, 2025, во 18:40 часот
Екипа на Итна медицинска помош го затекнала повреденото дете како лежи, на коловозот на улица „Благој Ѓорев“ спроти Младински парк помеѓу два автомобили и непосредно до тротоарот.
-Неговата здравствена состојба беше исклучително тешка. Детето на возраст од три години ја имаше изгубено свеста. Прво што сторивме беше интервенција во која го обезбедивме дишниот пат а потоа го мобилизиравме и веднаш го транспортиравме на Ургентен центар во Општа болница Велес, рече др Славица Нешова Пановски.
По прифаќањето во велешка болница над три годишното дете лекарите извршиле преглет и итни ренгенолошки како и снимања на Компјутерски томограф.
-Резултатите од снимањата ги потврдија првичните сомневања на лекарите специјалисти по хирушки болести дека три годишниот пациент има крварење во пределот на главата. Затоа тешко повреденото детенце, на кое му е потребна сериозна помош поради здобиените повреди, со возило за Итна помош е пренесено на Клиника за неврохирургија која е дел од скопскиот Клинички центар, рече др Ванчо Граматов портпарол на Општа болница Велес.

Инаку сообраќајната несреќа се случила попладнево после 16:30 часот на улица „Благој Ѓорев“ и пред пекара „Виг“. Увидна екипа на Сектор за внатрешни работи го спроведе увидот на местото на сообраќајната незгода.
Убавка Јаневска



