(Видео) Велешани во недела ќе проследат Меморијален ревијален натпревар, вгодина стартува Турнир во мал фудбал посветен на „Игор Ѓаковски Ѓак“

Објавено: 13 август, 2025, во 13:40 часот
Фото: Панче Ќумбев и Тоше Ѓошевски

Спортски ветерани, поранешни фудбалери и пријатели на велешанецот Игор Ѓаковски Ѓак поттикнаа иницијатива и во недела, на 17 август ќе ја реализираат со прва спортска манифестација посветена на нивниот пријател, љубител на фудбалот, фудбалер и помагател на спортски настани за да ги зачуваат спомените затоа што „Ѓакчето“ повеќе не е меѓу нив. Ако годинава во негова чест, на Ракометното игралиште во Градски парк во Велес ќе се одржи Меморијален ревијален натпревар во мал фудбал тогаш од вгодина ќе се одржува Меморијален турнир во мал фудбал што ќе го носи името на “Игор Ѓаковски Ѓак“, велат Панче Ќумбев и Тоше Ѓошевски како дел од Иницијативниот одбор.

Ѓошевски и Ќумбев велат дека од вгодина меморијален турнир во мал фудбал што ќе го носи името на  Игор Ѓаковски Ѓак ќе се одржува на спортскиот терен во велешката населба Тунел и негова втора цел ќе биде да поттикнува млади луѓе на спортување и здрав начин на живот.

Ќумбев упати и повик до општината и бизнис заедницата да им помогнат на велешките спортски клубови преку финансиски поддршки да му го вратат спортскиот дух на Велес.

Иницијативниот одбор, исто така, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот и останатите спортски дисциплини да дојдат во недела, на 17 август, на Ракометно игралиште во Градски парк. Почетокот на Меморијалниот ревијален натпревар во мал фудбал „Игор Ѓаковски Ѓак“ ќе започне во 19:00 часот откако претходно ќе биде искажана благодарност за ликот и делото на овој Велешанец и на неговото семејство.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.