Возилото што се запали во движење во Велес оштети и паркирано возило „рено“
Објавено: 21 ноември, 2025, во 11:54 часот
Педесет и две годишниот велешанец С.Р го управувал возилото „форд“ коешто вчера во движење беше запалено на улица „8 Септември“ спроти Народен музеј во Велес. Автомобилот со велешки регистарски ознаки горејќи оштетил и паркирано возило „рено“ кое е сопственост на триесет и четири годишниот А.Б од Велес.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека пожарот бил изгаснат од ТППЕ Велес, нема повредени лица и дека увид на местото извршила нивна екипа.
Инаку, вчера пет минути подоцна, во 10:35 часот случајот бил пријавен и во ТППЕ Велес, по што веднаш на лице место излегле четворица пожарникари со едно противпожарно возило, кои брзо интервенирале и го ставиле огнот под целосна контрола.
Убавка Јаневска


