Во велешката касарна одржана последната крводарителска акција за годинава
Објавено: 21 ноември, 2025, во 13:06 часот
Во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, успешно заврши последната од трите крводарителски акции планирани за оваа година. Како што соопшти велешки Црвен крст, на последната акција биле собрани 20 крвни единици.
-Како вкупен резултат од сите три акции одржани во 2025 година, во велешката касарна собрани се вкупно 71 крвна единица. Секоја дарувана единица крв е шанса за спасување човечки живот. Горди сме што и оваа година велешката касарна покажа голема солидарност и одговорност кон заедницата, соопшти Александра Илиевска од Црвен крст Велес.
Во акциите учествуваа воени лица, офицери и подофицери, професионални војници и цивилни лица ангажирани во Армијата, а за успешната реализација на акцијата заеднички се погрижија Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина.
Стефани Манева


