Организацијата на жени – Велес дел од форумот „Кон глобално 2.0: Одржлива родово-одговорна иднина“
Објавено: 11 декември, 2025, во 11:40 часот
Организацијата на жените – Општина Велес, активно учествуваат на регионалниот форум посветен на родова еднаквост, отчетност во јавните финансии и одржливо буџетирање. Настанот, кој се одржува три дена и започна вчера, ги собра институциите, експертите и граѓанските организации од регионот со цел заеднички да ги отворат најважните прашања поврзани со еднаквоста и климатските предизвици. Велешанките се дел од силна регионална мрежа која работи на системски промени и градење родово одговорни политики што носат реален напредок за заедниците.

-Организацијата на жените – Општина Велес со гордост учествуваат на ГРБ Форумот „Going Global 2.0: Sustainable Gender-Responsive Futures“ кој ги обедини водечките регионални актери посветени на родовата еднаквост, отчетноста и одржливиот развој. Форумот започна со моќна порака што ја одбележа целата дискусија: „Една организација може да создаде промени, но мрежите ги менуваат системите, објасни Мирјана Трајкова за Дума.мк.

Експертите и граѓанските оргназиации од регионот првиот ден се фокусирале на неколку теми, поточно улогата на граѓанскиот сектор во зајакнување на отчетноста и транспарентноста при трошењето на јавните пари, потоа влијанието на родово одговорното буџетирање врз унапредувањето на климатското дејствување, потоа важноста на интегрирањето на родовата перспектива во државните буџети како предуслов за развојно ориентирани и одржливи политики како и неопходноста од родова еднаквост и климатска одржливост како темел на идните општествени стратегии.

Активностите на Форумот продолжуваат и денеска, велешанките од Организацијата на жените ги повикуваат сите заинтересирани да ги следат претстојните иницијативи и заклучоци кои ќе произлезат од ова значајно регионално поврзување.
Стефани Манева


