Новогодишен бесплатен концерт на ѕвездичките на „СуперСтарс“

Објавено: 26 декември, 2025, во 10:17 часот

Со цел да дадат придонес во збогатување на новогодишната празнична атмосфера во градот учениците по соло пеење на школата што ја води, оперската уметничка Вероника Караколева-сопран, вечерва во Ликовен салон ќе изведат концерт.

Хорот ќе ја отвори вечерта на SuperStars по којшто ќе следи соло настапот на учениците Гордана Лазова, Тамара Димовска, Славица Андова, Драгана Трајкова, Ѓоре Анѓелов придружувани на пијано од Игор Максимовски, гостин од Скопје.

Според програмата на концертот потоа ќе настапи Игор Максимовски кој ќе се претстави со две соло дела „Ф. Шопен валцер во емол и прелудиум оп. 28 бр. 24“ и во придружба на хорот на „SuperStars“.

Солистите по соло на ова училиште по пеење ќе има разновиден репертоар од популарни до народни жанрови додека Драгана Трајкова ќе ја изведе својата прва соло песна, која што неодамна ја снимаше.

„На концертот, исто така, ќе бидат изведени новогодишни и божиќни песни со којшто на присутната публика ќе и биде најавено доаѓањето на новата година, празничната атмосвера преку музиката која е придружник на свечените моменти за вакви пригоди,“ рече Вероника Караколева.

Концертот започнува во 18:00 часот и влезот е бесплатен.

Убавка Јаневска  

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.