Атлетичарот Роберто Димитриевски трет на 11-тата Дедомразовска трка во Скопје

Објавено: 29 декември, 2025, во 15:28 часот

Во пресрет на Новогодишните празници атлетичар Роберто Димитриевски, член на АК „ВЕЛЕС“ од Велес, вчера учествуваше на традиционалната 11-тата забавна „Дедомразовска  трка“ во центарот на Скопје. Во  конкуренција од над 1.000 атлетичари и рекреативци од земјава, поединци и цели семејства како и во задолжителен дедомразовски костум, Роберто и годинава го освои третото место. Велешанецот е добитник и на статуетката Дедо Мраз како и на медал што го добија најдобрите тројца натпреварувачи во машка, во женска и во детска конкуренција.

Димитриевски за читателите на Дума.мк сподели информации за трката во која максимално се вложил но сепак на крајот, пред целта, се случило мало попречување од публиката и тоа невнимание го чинело оддалечување од победничкото, прво место.

-Воедно им порачувам на сите без разлика на возраста  да спортуваат, барем рекреативно доколку сакаат да бидат здрави. „Во здраво тело, здрав дух“. Здравјето е најважно и затоа мора да редовно да се спортува, порача Димитриевски.

Овој млад велешки атлетичар во 2025 година учествуваше на многу трки во земјава и беше секогаш меѓу првите. Затоа и севкупно со бодување од сите градски трки во Македонија го освои третото место, во силна конкуреција, на Првата Атлетска тркачка лига 2025. Секако успехот е резултат на истрчани 13 атлетски трки а меѓу нив и велешката „Трчаме за Рацин“ кога беше прв на целтта.

Димитриевски, во новата година, има многу планови за учество на домашни и меѓународни трки, но вели „затоа – потоа, прво истрчај и постигни резултатите па тие нека бидат потврда на тоа што напорно си го сработил“.

Во пресрет на новите трки, Димитриевски, секојдневно и сега, во зима, по два пати напорно тренира и се подготвува на бехатон патеката во Градскиот парк. Таа според него, атлетичарите и некои рекреативци напорна е за трчање. Затоа овој млад велешанец, во свое и име на сите спортисти и рекреативци од Велес, апелира до локалната власт конечно да го исполни даденото ветување за целосна реконструкција на руинираната  атлетска патека на Градскиот фудбалски стадион „Зоран Паунов“ во Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.