Македонија утрово: Температурата се спушти до -15 степени

Објавено: 31 декември, 2025, во 08:41 часот

„Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на релативно сува  и многу ладна воздушна маса која се спушта од север  и истата услови ова утро да имаме многу ладно време со многу ниски температури на воздухот кои насекаде беа под нулата. Повремено дува засилен ветер од северен правец. Најладно ова утро, до 7 часот, беше на Попова Шапка каде температурата се спушти дури до -15 степени.

Ова утро во Крушево се измерени 2 сантиметри снежна покривка. На табелата можете да ги видите измерените температури, утрово, до 7 часот, по градови и места во Македонија  и тоа на мерните станици на УХМР,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.