Лишен од слобода велешанец кој допирал малолетно девојче
Објавено: 30 април, 2026, во 13:13 часот
М.Џ (51) од Велес, вчера утро, бил лишен од слобода затоа што бил пријавен дека во близина на градскот пазар во Велес допирал по телото малолетничка.
-М.Џ. е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска



