Поповски: Врнежи од снег, висината на снежната покривка и над 15 сантиметри

Објавено: 2 јануари, 2026, во 08:34 часот

Петок, 2 јануари, ни носи снег и снежна покривка во западните предели на Македонија. На планинските места ќе се формира снежна покривка, локално, од 10 см до 15 см а во дел од градовите од 5 см до 10 см.

Вчера вечер и ноќеска, 1-ви кон 2-ри јануари 2026 година, во Македонија имавме ведро и многу ладно време со температури на воздухот под нулата. Најладно беше во град Охрид со измерени -7 степени како и во Скопје Петровец. Во ноќните часови времето беше претежно тивко и без изразен ветер,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.