„Градиме иднина“ бара локалните и државни институции да ги заштитат 25 деца коишто питачат во Велес и санкции за принудувачите

Објавено: 3 јануари, 2026, во 14:07 часот

Во Велес питачат од 15 до 25 дeца, со бебиња, а и возрасни кои потоа се транспортираат за питачење и во градовите Кавадарци, Кочани, Охрид, Битола и Скопје. Децата питачат во три смени од 9:00 до 15:00 часот, од 15:00 до 22:00 часот и од 22:00 до 03:00 чaсот, наутро. Едно дете во смена на питачење остварува промет од 1500 до 2500 денари а од  оваа сума на пари добиваат 10 или 50 денари и на крај, ќотек од новните шефови и организатори. Ова го соопшти Илија Јовановиќ од Здружение на граѓани „Градиме иднина“ кои денеска беше во Велес. Тој и членовите на граѓанското здружение додаддоа дека не се задоволни од работата на локалните и државните институции под чија надлежност се санкциите и решенијата на проблемот со питачењето во Велес.

-Во град Велес не сме задоволни од работата на полицијата, општината, Советот, Центар за социјални работи и за нивната не работа ќе се пожалиме до Министерство за труд, во Влада и во МВР поточно во внатрешната контрола. Полицијата ја разработивме во градовите Куманово, Охрид, Тетово, Гостивар, Скопје, Прилеп, Дебар и тука ќе ги разработам и ќе им пратеме внатрешна контрола од МВР, додаде Јовановиќ.

Според „Градиме Иднина“ со злоупотребата на децата со питачење се занимава мафијашка организација и упати апел кон Велешани да не им даваат пари од сожалување на децата питачи.

-На таа мафија им спремаме живот да поминат во затвор до 15 години затоа што секојдневно уништуваат животи на илјадници деца. Ги повикувам граѓаните да запрат со давање на пари на овие деца особено не сега за време на божиќните празници. Барам од Велешани поддршка за да се стави крај на злоупотребата на децата и нивното питачење. Според последните резултати на проектот што го реализираме 18.500 млади фиданки, деца, наместо во школска клупа и во градинка, питачат на улици во Македонија и се изложени освен на малтретирање и злоупотреба исто така на многу видови на заразни болести, додаде Јовановиќ.

Од ЗГ „Градиме Иднина“ од Скопје додадоа дека бројката на вкупен број деца кои секојдневно питачат на улиците во Македонија е резултат на нивна теренска работа од четири годишен проект којшто го спроведуваат во државата.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.