Се помалку новороденчиња и склучени бракови, во 2025-та морталитетот скоро на исто ниво како претходната година
Објавено: 9 јануари, 2026, во 13:44 часот
Во трите општини Велес, Чашка и Градско, минатата година родени се вкупно 406 новороденчиња или шест помалку во споредба со 2024 година. Од вкупниот број на нови жители, во трите општини, нивните мајки одлучиле 245 да ги родат на Одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница Велес додека 341 новороденче на свет дошле во болници, во други градови во Македонија или во болници во странски земји, по што нивните родители ги запишале и во Книгата на родени во Подрачно одделение Велес на Управата за водење на Матични книги.
Според информациите на овластениот раководител Биљана Донева, надолна линија не бележи само наталитетот туку и бројот на склучени бракови. Ако во 2024 година 372 парови стапиле во граѓански брак, во минатата година, 69 младенци помалку ставиле потпис во Книгата на венчани.
Благ е падот на морталитетот во 2025 година во Општина Велес. Податоците говорат за 14 помалку починати граѓани во споредба со претходната година. Според евиденцијата во Книгата на починати бројот со кој завршува 2025 година е 649 граѓани. Овој податок на подрачната државна служба се однесува само за морталитет на територија на Општина Велес.
Убавка Јаневска


