Студот малку ќе попушти, Антициклон во Македонија носи магла во котлините

Објавено: 13 јануари, 2026, во 09:01 часот

„Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на Антцициклон, односно поле со висок воздушен притисок кое условува да имаме стабилно, суво, тивко но многу ладно време со многу ниски температури на воздухот.Oсобено ниски температури имаме во ноќните и во утринските часови. Сепак, студот во следните денови малку ќе попушти преку ден кога температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени а во Скопје  и околината до околу 7 степени.

Наутро температурите ќе бидат под нулата, студот малку ќе попушти односно нема да бидат екстремно ниски како изминативе неколку утра со искучително ладно време.

Во следните неколку денови по котлините и по речните долини ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност која особено изразена ќе биде во утринските и повторно во ноќните часови.

Барем одсега гледано нови пообилни врнежи од дожд и од снег како и нова снежна покривка во Македонија очекувам во среда, 21 јануари,“ соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.