(Видео)Проф д-р Никовски: Велес и Македонија повеќе да вложуваат во спортот и во младите,така се создаваат здрава иднина и нација
Објавено: 15 јануари, 2026, во 15:10 часот
Рекреативно или професионално, спортувањето многу е значајно за сите граѓани на Македонија а особено за младите луѓе. Велес поседува голем број на спортски објекти, изградени во претходниот општествен систем, кога градот заслужено го носеше епитетот „спортски“, затоа што имаше голем број на спортски клубови и врвни спортисти кои се натпреваруваа во првите лиги не само на републичко туку и државно, југословенско ниво. Вака го започнавме разговорот со д-р Горан Никовски, редовен професор на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. И тој присуствуваше на манифестацијата „Избор на спортист на Велес за 2025 година“.

Констатирајќи дека секогаш кога е присутен во Велес прво е задоволен што гледа голем број на свои поранешни студенти кои успеале да пренесат знаење како и мотивација за спортување и второ, што што не е мал бројот на надежни млади спортисти кои се промовираат секоја година затоа што постигнале значајни резултати во дисциплината во која се натпреваруваат, професорот, потенцираше дека токму ова ја издвојува велешката спортска манифестација од останатите градови во државата.
Дума.мк го прашаше проф.д-р Никовски има ли надеж за Велес повторно да го превземе приматот „спортски град“?
Спортската јавност го почитува проф.д-р Горан Никовски поради големиот придонес во развојот на едукативниот како и во практичниот дел на образованието на студентите во Македонија. Но тоа што ќе остане негова најголема заслуга е воведувањето на предметот физичко образование за децата од предшколска возраст, што над една деценија се реализира во градинките во Македонија, со термини од два пати во работниот дел од неделата.
Убавка Јаневска


