„Вечер со кларинетистот Благој Ламњов“, оваа сабота, во хотел „Романтик“ на велешко езеро „Младост“
Објавено: 16 јануари, 2026, во 09:44 часот
Музичарот, кој повеќе од 20 години живее и твори во Шведска и којшто во творештвото успеа да ги спои македонскиот фолклор, чалгија и изворните инструменти со модерниот звук користејќи ја германската класична музика и класичниот тон на кларинетот, утре вечер, е во својот роден Велес. Виртуозот Благој Ламњов за своите сограѓани како и за љубителите на музичките звуци кои ги интерпретира кларинетот во неговите раце приредува вечер за уживање.
„Од моето детство, многу спомени ме врзуваат за Езеро Младост. Подоцна, во моите тинејџерски години, покрај езерото се изгради и убавиот Хотел Романтик, место кое му даде нов шарм на езерото, но и еден тивок, елегантен вид достоинство на Велес. Беше децении пред своето време и ги подигна стандардите за тоа што значи култура, вкус и визија. Оваа сабота, 17 јануари, со почеток во 20:00 часот, ќе настапам во Хотел Романтик со музика од моите албуми и со многу спомени во мислите. А надвор нека бранува Езеро Младост и нека разбуди убави спомени во нашите срца,“ соопшти Ламњов.
За дочек чаша шампањ и влезница од 400 денари љубителите на музицирањето на Ламњов можат да резервираат место на телефонските броеви 043 212 999 и 071 333 939.
Убавка Јаневска


