Промовирана стихозбирката „Љубовта е животен развој“ на м-р Божидар Јовиќ
Објавено: 23 јануари, 2026, во 16:14 часот
Со секој поетски наслов авторот Божидар Јовиќ поттикнува индивидуално препознавање на развојните потенцијали кај секоја личност во најновата стихозбирка „Љубовта е животен развој“ преку свесно и систематско насочување на човековите активности кон препознавање на сопствената идеја, волја и желба, како и кон вредностите што ја развиваат човековата свесност во животот, во кој што е во постојана поврзаност со блиското опкружување.

Во поговорот кон стихозбирката, промоторот Лили Арсова, помеѓу другото рече дека со поетски јазик исполнет со чувства блиски и препознатливи, Божидар Јовиќ, го допира лирскиот субјект преку суптилни начела на личноста и низ тивки, но значајни развојни вредности што го обликуваат човековиот живот.
-Во овој поетски избор јасно се препознава искуството и посветеноста на авторот во педагошката професија, љубовта и блискоста со соработниците, вработените и, секако, со учениците. Стручната, организациската и методско-дидактичката поддршка на тимот во производствениот и наставниот процес, како и соработката на професионален и индивидуален план, ја истакнуваат авторовата заложба за пренесување на развојните вредности. Тие вредности се јавуваат како поттик за квалитетна професионална активност и како реален облик на себепрепознавање во односите, комуникацијата, животот и работата,додаде Арсова.

Присутните проследија презентацијата за 46 годишното творештво на авторот додека Марија Настова, негова долгогодишната колешка и соработничка, пред присутните на промоцијата на стихозбирката, говореше за значењето на Јовиќ како колега, педагог и општински инспектор.

За своето најново дело кое е дел од создадените 15 научно истражувачки и воспитно образовни трудови и книги, авторот Божидар Јовиќ вели:
Пензионираниот професор, м-р по методика и дидактика во образованието и поранешен советник – просветен инспектор во Одделение за образование на Општина Велес има објавено 79 стручно педагошки и публицистички текстови. М-р Божидар Јовиќ добитник е на бројни стручни признанија како и на Деветто ноемвриско признание на Општина Велес.
Убавка Јаневска


