ДУИ ќе ги повлекува министрите од Владата

Објавено на 1 април, 2016 во 07:11

Централното раководство на ДУИ синоќа одлучи да ги повлече своите актуелни претставници од извршната власт на Република Македонија, соопшти од партијата.

„Претседателството, исто така, ги потврди статутарните права и ги делегира сите извршни права и овластувања за донесување одлуки на претседателот Али Ахмети за да одлучи за следните чекори на Демократската унија за интеграција.

Демократската Унија за Интеграција, исто така, ја информира локалната и меѓународната јавност дека ќе ги преиспита своите политики во наредните денови“, стои во соопштението на партијата испратено доцна синоќа.

Сепак од партијата на Ахмети брифираат дека во овие овластувања на Ахмети не спаѓа и одлуката за излегување од извршната власт.

Неофицијално причината за ваквиот потег- закана , е објавувањето на приватни телефонски разговори во кои се понижуваат дел од нивните високи функционери . Тоа е одговорот на ДУИ до дистрибутерите и нарачателите на овие приватни разговори од партијата од другиот табор. О

„Не може пржинскиот договор да важи само за ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, а не и за нас“ вели ,висок партиски функционер од ДУИ.Истиот функционер тврди дека ова постапка не го става воопшто во прашање учеството на ДУИ на изборите кои вели ќе бидат сигурно на 5 јуни.

ОД ВМРО ДПМНЕ нема коментар за овој потег на нивниот колиционен партнер во владата.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.