Издумани Крлевизми: „Овците ги уништивме. Ќе не јаде волкот.“

Објавено: 13 март, 2026, во 10:34 часот

Просторот отстапен за петочните афоризми на афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски ви го пренесува минатонеделното творештво на велешанецот инспириран од актуелните секојдневни случувања. Десетте нови афоризми гласат:

Можеш да бидеш прв и кога си најдобар. Ако жирито е од мајка родено.“

„Манипулаторите си наплаќаат и манипулативни трошоци.“

„Во бракот глумеше несреќна. По разводот нема публика.“

„Кога со светот би владееле жените, постојано би имало предвремени избори.“

„Овците ги уништивме. Ќе не јаде волкот.“

„Правдата ми е во крвта – нулта група!“

„Предавството е копиле на цврстата доверба.“

„Афоризам? Малку писмо – многу ука!.“

„Има правда… ако се истера!“

„Мандатот живее подолго од довербата.“

Вашиот, Атанас Крлевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.